fbpx

Ми замина.. Македонскиот новинар се огласи по подолго време

На седумдесет и двегодишна возраст вчера почина фотографот и снимател Лука Суша.

Негови фотографии се објавени на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешна СФРЈ, како „Политика“, „Борба“ и „Базар“, а долги години беше и снимател во А1 телевизија. Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија ја доби традиционалната награда „Љубе Цветановски“ заедно со Зоран Костески.

Дека Лука беше омилен колега и соработник, доказ се бројните посвети на социјалните мрежи. Скршен од болка се огласи и познатиот спортски новинар Игор Филевски Филе, кој неколку години живее во Малта. Неговата објава ви ја пренесуваме во целост.

Ми замина човекот кој остави длабока трага врз сите мои проекти од најубавото време.. Човекот, кој како што кажав еднаш, а сега и ќе повторам, учествуваше во голема мера во моето форматирање како медиумски творец и новинар. Човекот кој знаеше да ме насочи токму онаму каде беше единственото правилно решение и избор, без јас да знам дека е тоа најдобрата солуција за мене во дадениот момент. Затоа што тој човек беше со отворен ум, со визија, со високо ниво на перцепција дури и на невидливото, ослободен од сите фрустрации и предрасуди, инвентивен и секогаш расположен за создавање ново и ново..

Лука Суша.
Еден и единствен.
Учител.
Мајстор.
Врвна фигура во својата струка, професионалец каков само може човек да посака да има покрај себе.
Светлина.
Енергија која вибрира постојано.
Лука Суша, ќе ми фали вечно и ненадоместливо, физички. Но, како Светлина и Енергија, знам дека ќе биде секогаш тука некаде. Можеби и токму затоа не се отпоздравивме и не седнавме, како што планиравме.
Разговорите со Него отсега ќе се трансформираат како Разговори за Него.
Затоа што Лука Суша е бесмртна личност.
Таква и ќе остане.
Засекогаш.

Следни Објави

Еве зошто кинеската роба чудно мириса: Причината ќе ве вознемири!

При производство на облеката во светот се користат околу 8.000 различни синтетички материјали, а многу од нив се непроверени, ниту пак сигурни за човечкиот организам. Токму поради ова, таквите материјали му штетат на нашето здравје. Сигурно некогаш сте почувствувале чуден и интензивен мирис од облеката. Истиот е многу опасен за […]