fbpx

Здравје и среќа во очи на Свети Никола: Легнете со оваа молитва!

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни кај нас утре го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ниците..

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец.

Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства утреве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Пред спиење легнете си со оваа молитва за Св. Никола.

О, себлаги оче Никола, пастиру и учителу на сите кои со вера прибегнуваат кон твоето застапништво, и усрдно со молитва те повикуваат, побрзај и избави го Христовото стадо од волците кои го растргнуваат и со своите свети молитви огради ја и сочувај секоја христијанска земја од буни, земјотреси, напади на туѓинци и меѓусебни војни, од глад, поплави, пожар, меч, уништување и изненадна смрт, и како што се смилува над тројцата мажи што беа во темница и ги избави од царевиот гнев и посекувањето со меч, така смилувај се и на мене кој и сам се наоѓам во темнината на гревот со ум, зборови и дела, и избави ме од Божијот гнев и вечната казна, па заради твоето посредување и помош, како и заради Своето милосрдие и помош, да ми подари Христос Бог тивок и безгрешен живот во овој свет, и да ме спаси од стоењето од левата страна, а да ме удостои да стојам од десната страна со сите светии. Амин.

Следни Објави

Што се случува со истрагата за убиствата на Вања и Панче? Една работа ги збуни сите

Никакви нови детали не се споделуваат од Обвинителството околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. „Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација. За обдукцијата, досега кажаа […]