Нова трагедија ја потресе македонската јавност.
Тажната вест ја споделија навивачите од „Комити Скопје“.
Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.
Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски-Смок.
Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!
Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.
Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.
Дарко Смоковски-Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Засекогаш дел од нас!
Фото: Фејсбук