fbpx

Македонија во шок, ненадејно починал во својот дом: Детали за смртта на младиот ракометар

Трагедија утрово ја потресе македонската јавност.

Тажната вест брзо се прошири-почина 19-годишниот ракометар Андреј Петрески, член на РК Аеродром.

Според првичните информации, младото момче починало во својот дом, неочекувано, оставајќи ги во шок најблиски, но и соиграчите од клубот каде што настапуваше од најрана возраст.

Петрески беше дел од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Последниот поздрав со Андреј е закажан за денеска од 12.30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе биде на гробиштата во Камник.

Ова е нова ужасна трагедија во македонскиот ракомет, откако пред речиси три години години почина 20-годишниот Марко Божиновски од РК Бутел. 

Следни Објави

Македонија тагува, уметниците се збогуваат: Почина Живојин Трајановиќ

Тажна вест Почина Живојин Трајановиќ (1948-2023), сценограф во Националната опера и балет. Речиси целиот работен век го помина во оваа установа, но, исто така, работеше и на бројни културни манифестации и телевизиски проекти. Роден е 1948 година во с.Табановце-Куманово. Во 1968 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на […]