fbpx

Од моите раце го касна последниот залак: Македонскиот пејач со трогателна посвета

Познатиот естраден уметник сподели тажна вест

Докажаниот македонски интерпретатор Орце Стевковски-Царот емотивно се прости од својата мајка на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, мајко моја мила. Нека ти е лесна земјата. Денес од моите раце го касна последниот залак леб, те гушкав, те милував и го слушав последниот здив. Почивај во мир! До последен миг делеше со своите чеда, се гордеам што ме роди, се гордеам што секогаш беше силна и не делеше никој од твоето срце. Нека ти е вечна слава, мајко моја мила“, напиша Стевковски на „Фејсбук“.

Орце Стевковски е со години дел од домашната музичка сцена и се прослави со патриотски рефрени. „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“, „Се заљубив на стари години“ и „Од кај дојдовте“ се песните кои кај секој Македонец будат убави чувства.

Веќе три децении е во брак со популарната Драгче најпозната по ТВ-проектот „Патот на светлината“. Плод на нивната љубов се ќерките Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Македонија во шок! Се самоуби младо момче, ова се деталите

Тешка несреќа се случи Попладнево се самоубил К.Ј. (30) од Кочани скокајќи од круната на браната Гратче. Немилиот настан се случил попладнево кога, според очевидци, момчето се приближило до средината на круната на браната, ги оставило своите лични предмети на патеката и скокнало во бездната длабока 30 метри. На настанот […]