fbpx

Огромна тага! Почина култната дизајнерка, емотивно обраќање на семејството

Почина една од најкреативните дизајнерки на денешницата, легендарната Вивиен Вествуд.

Умрела мирно, опкружена од семејството во јужен Лондон, стои во соопштението на официјалниот профил на „Твитер“.

„На светот му требаат луѓе каква што беше Вивиен, за да направат промени на подобро“, пишува во пораката.

Вествуд се прослави во 70-тите по препознатливиот панк-стил. Низ годините креираше за најголемите имиња во светот на модата.

Нејзиниот сопруг и креативен партнер Андреас Кронталер најави дека ќе продолжи да работи со Вивиен во срцето.

„Заедно работевме до самиот крај. Таа ми даде многу работи поради кои морам да продолжам“, изјави тој.

Фото: Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трогателно! Последната снимка со Пеле ќе ве расплаче (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер почина на 82-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство Пеле се одјави како еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, нешто што на ниту еден друг играч не му успеа. Имаше седум деца и […]