fbpx

Седна на клупата и само се онесвести: Страшни детали за смртта на Тони (16)

Страшна трагедија го вознемири регионот

Почина 16-годишниот кошаркар Тони Видовиќ откако колабира за време на натпревар. Младиот спортист од Риека се онесвестил додека седел на клупата за време на натпревар од Јуниорската Жупаниска лига помеќу клубовите ФСВ и Замет.

По трагедијата се огласи претседателот на ФСВ, Горан Лончар.

„Игравме во четвртокот вечерта, Тони го напушти натпреварот по пет минути и седна на клупата без да се пожали на нешто. Потоа само се онесвести. Чекавме брза помош, го приклучија на апарати во болницата и се’ уште даваше знаци на живот. За жал, утрово околу 6:30 ја добивме најлошата можна вест. Сè уште не ја знаеме точната причина за смртта, чекаме КБЦ Риека да излезе со официјална изјава. Ние од клубот штотуку ги посетивме неговите родители и им изразивме сочувство“, вели Лончар.

Од младиот кошаркар со трогателни посвети се простуваат на социјалните мрежи.

Следни Објави

ТРАГЕДИЈА! Загина познатиот пејач, естрадата се простува

Во судир кај Добој синоќа на 60-годишна возраст загина Младен Видовиќ, поранешниот пејач на зеничката група „Немогуче вруче“. Тажната вест ја потврди музичарот и уредник на порталот „Глас“, Јосип Дујмовиќ. „Повторно грда и тажна вест.. Синоќа во судир кај Добој загина Младен Видовиќ, оригиналниот пејач на групите „Немогуче вруче“ и […]