fbpx

ТРАГЕДИЈА! Три млади момчиња загинаа, потресни пораки: Колку мајки треба да бидат завиени во црно..

Плачат сите, прогласен е Ден на жалост..

Тројца малолетници загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Рожаје-Баќ кога возило слетало во коритото на реката Ибар. Едно лице е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот во општата болница во Беране, јавуваат регионалните медиуми.

Трагедијата се случила синоќа околу 22.30 часот, на место каде што автопатот не е заграден со банкина и е познато по слични несреќи.

Од Центарот за оперативни комуникации (ОКК) на Полициската управа за агенцијата МИНА изјавија дека загинале А.М. (16), С.М. (16) и И.Д. (16), а тешко повреден е 17-годишниот Ф.Д.

Денеска на социјалните мрежи цел ден се објавуваат трогателни посвети за загинатите момчиња. Се објавуваат и нивни фотографии.

Жена од Рожаје сведочи дека ја разбудила сирена по која, како што вели, веднаш почувствувала дека се работи за голема трагедија.

„Во длабочината на мојата душа му се молев на Бог сѐ да е во ред. Не можев да заспијам чекајќи по порталите да видам дали ќе објават нешто. За жал, згаснаа три млади животи на место каде што слични несреќи се случиле безброј пати.. Се прашувам колку животи треба да згаснат, колку животи треба да се жртвуваат и колку мајки треба да бидат завиени во црно за некој одговорен да ги земе работите во свои раце и да направи нешто околу тој дел? Или како и секое чудо и трагедија ќе трае три дена и никому ништо?! Господи, помилуј ги, дај им сила на нивните семејства. Голема загуба за Рожаје“, напиша на „Фејсбук“ оваа потресена жена.

Следни Објави

ТАГА ДО НЕБО! Почина детето кое беше извлечено од урнатините по 296 часа

Детето (12) кое денеска спасувачите заедно со уште две лица го извлекоа од урнатините 296 часа по катастрофалниот земјотрес, на пат кон болница им подлегнало на повредите. Две постари лица и едно дете поминале 13 дена под урнатините, а спасувачите утрово успеале да стигнат до нив. За жал, детето починало […]