fbpx

Не ти треба победа, ти веќе си ѕвезда! Која е струмичанката која синоќа отпадна од „Ѕвездите на Гранд“?

Не стивнуваат реакциите по синоќешната елиминација на струмичанката Ангела Котуровиќ за која македонската јавност имаше големи очекувања во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Иако претходно ги воодушевуваше членовите на стручното жири и постојано добиваше пофални зборови од нив, синоќа таа отпадна без никаков нивни коментар.

Нејзините обожаватели преку социјалните мрежи негодуваат за ваквата одлука.

„Не ти треба победа, ти веќе си ѕвезда! Обожаваме да те слушаме во живо“, ѝ порачаа нејзините сограѓани.

Талентот за пеење го наследила од нејзината мајка. Пред да се појави во „Ѕвездите на Гранд“ редовно настапуваше по локалните кафулиња, а има и фестивалски искуства.

„Па можам да кажам дека талентот ми е наследен од мајка ми, но повеќе дека е Божји дар. Имам настапувано на повеќе натпревари кога бев во средно под менторство на мојата професорка Анита Станковска и имам земено бројни први награди. На концерти организирани од училиштето имам настапувано два пати на Струмица Опен Фестивал во 2015 и 2020 година и имам освено второ место на ниво на Македонија во 2019 година на шоуто Звезда број 1, имам настапувано во многу кафулиња во Струмица пред бројна публика, така што тремата пред публика ми е совладена многу оддамна. Се надевам дека во иднина ќе имам уште многу настапи и пеење во еден глас со публиката, што воедно е и еден од моите сонови“, изјави таа во едно интервју.

Иако има само 22 години, Ангела е реализирана сопруга и мајка. Синот Ноах ѝ е најголема инспирација во животот.

Следни Објави

Девојче го изеде омилениот десерт, за малку не почина: Лекарите се шокираа кога ја открија причината

Енергичното и секогаш насмеаното девојче станало летаргично и уморно. Се пожалила на болки во стомакот, па качила температурата 39 степени „Веднаш сфатив дека нешто не е во ред со ќерка ми. Го изгуби вообичаениот сјај во очите, изгледаше безживотно“, сведочи нејзината мајка. Кога си го земала чедото од градинка забележала […]