fbpx

Дедо Драги си бара баба да го „сака и да му прави јајца“: Ги заведува со пензијата, има три услови (ВИДЕО)

Урнебесен оглас се појави на „Тик Ток“ и веднаш стана вирален

Дедо потпишан како Драги Миќурин преку ноќ се прослави на социјалните мрежи откако одлучи љубовта на својот живот да ја побара преку „Тик Ток“. Решен да најде сопруга, тој објави неколку огласи во кои бара „баба на возраст од 65 до 79 години“.

Тој напиша дека секоја што е заинтересирана може да го контактира, а потоа соопшти дека кандидатките треба да исполнуваат три услови.

„Која слика да ја ставам за да ми најдете баба која знае да приготвува јајца, супи и да ме бакнува?“, ги праша тиктокерите.

Овој дедо, покрај огласот, има и видеа од дружење со пријателите, но по првата објава се пожали дека добил многу негативни коментари. За да си ги подобри шансите, во следниот оглас откри колку пари месечно ќе добива неговата избраничка и колкава му е пензијата.

„Добив многу негативни коментари. Сакам сериозна врска. Имам пензија од 120.000 динари, на бабата ќе ѝ давам по 50.000 динари секој месец“, нагласи тој.

Иако е многу веројатно некој друг да стои зад огласите на осамениот дедо, тие предизвикаа лавина од коментари, а најгледаното видео има речиси половина милион прегледи.

Следни Објави

Ново потресно сведоштво за малата Јана: Првпат не успеав да останам професионална..

Тринаесет години како сум во професијава, не ме треснало нешто повеќе од земја како што е смртта на Јана. Здраво право девојче, полно живот на свои пет годинки починува од ИНФУЗИЈА! Нејзиниот татко кој едвај можеше да зборува се согласи да ми даде изјава.. Искрено ова е прв пат како […]