fbpx

Ново потресно сведоштво за малата Јана: Првпат не успеав да останам професионална..

Тринаесет години како сум во професијава, не ме треснало нешто повеќе од земја како што е смртта на Јана. Здраво право девојче, полно живот на свои пет годинки починува од ИНФУЗИЈА!

Нејзиниот татко кој едвај можеше да зборува се согласи да ми даде изјава.. Искрено ова е прв пат како не успеав да останам професионална и јас се изнаплакав со него.

Ми раскажа дека ја однеле да ја лечат од настинка. Направиле крвна слика која укажала висок шеќер 9. Доктор давал инструкции по телефон, сестрите ставиле инфузија со гликоза. На девојчето му се слошува, шеќерот и се качува на 19! Пробуваат да и стават уште една инфузија, но не можеле да и најдат вената, па и ставаат адреналин. На девојчето навидум и се подобрува состојбата и кога мислеле докторите дека си ја завршиле работата Јана губи свест. Од паника ја качуваат на интензивна нега и 3 ЧАСА затворени во сала, никој не им кажува на родителите кои чекаат пред врата дека детето им починало. И да се сомневаат дека лекарите кои требаше да ја лечат ја УМРЕА!

Во 21 век да се плашиш дете во болница да однесеш, заб да извадиш или да одиш да оперираш јајник, па наместо тоа бубрег и матка ќе ти извадат. А ние уште за ЕУ збориме? Спремни сме биле да бидеме дел од унијата? Главна тема биле Бугарите во уставот, а децана уште учебници немаат! Ако немаш близок некој во болница вода не ти даваат, а не па термин за да те прегледаат.

– Секоја чест на исклучоци!

И уште памет не им доаѓа дека треба да се преземе одговорност! Дека некој треба да лежи затвор за ваква грешка!Уште колку луѓе треба да закопаме за вие да се освестите? Следен пат европските претставници однесете ги на средба не во Влада, туку во клиниките каде се лечиме!!!

Далеку е ЕУ од нас, не 10, туку 100 години!

Одговорност!

Фејсбук-статус на Викторија Милевска, новинарка

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Дали поверувате дека две докторки кои се и мајки, ќе се несовесни кон беспомошно девојче: Д-р Беќаровски во одбрана на белиот мантил

Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање. Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите. Можете само да претпоставите каков е шокот […]