fbpx

Господ ја зеде.. Ново потресно обраќање на таткото на Јана

„Господ ја зеде Јанушка, можеби за да се смени нешто, да се направи нешто за други дечиња, да им се помогне да живеат“..

Ова е дел од новото потресно сведоштво на таткото на шестгодишната Јана која почина во битолската болница.

За утре на плоштадот „Магнолија“ во 19 часот е најавен протестот „Правда за Јана-Сите сме Јана“. Граѓаните ќе маршираат барајки разрешница за трагичниот настан, но и оставки и реформи во здравството.

Христовски вели дека тој не е иницијатор на собирот, но го поддржува.

„Ние веќе ја изгубивме Јаничка, протестот утре го прави народот, ова е битка за сите деца, да не ја доживеат истата судбина како нашата ќерка“, вели тој за „ТВ 24“.

И додека се’ уште трае обдукцијата, како што вели, не обвинува никого за трагедијата, но нагласува дека, сепак, по консултација со доктори грешката за смртта на девојчето била при примањето инфузија.

„Погрешна интервентска терапија. Во обдукција не веруваме, во такви работи, чупето 20 кг беше, чупето не успеаја да го спасат“, сведочи таткото на Јана.

Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање. Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека немало грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.

Следни Објави

Шеф Никола од „Брза кујна“ скршен од болка: Ти да не беше, никогаш немаше да работам како готвач

Познатиот македонски готвач Никола Мишковски, кој на јавноста ѝ стана познат како шеф Никола во кулинарското шоу „Брза кујна“, сподели тажна вест на својот фејсбук-профил. Со трогателна посвета тој се прости од човекот кој му бил главна инспирација да се занимава со оваа професија, а кој прерано го напушти овој свет. […]