fbpx

Конечно се обрати синот на Ребека: И јас живеам тука! (ФОТО)

Познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески денеска на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за аутизмот објави нов емотивен пост со синот Маркијан.

Овојпат, тој им се обраќа на граѓаните и неговата порака треба да не’ замисли сите. Истата ви ја пренесуваме интегрално во продолжение!

И јас живеам тука!!! И јас сакам да се дружам, да одам во училиште, да си играм и да излегувам!!! Барам соодветен асистент, барам соодветен базен (каде што нема толку гужва), спортски активности, соодветен центар за поддршка!!! Барам за моите помали соборци, градинки кои ќе ги прифатат, рана дијагностика, рана интервенција, социјализација, секојдневна едукација,рехабилитација!!!

Јас и мојата мајка гласно зборуваме веќе 15 години! Нашите родители, едукатори, баби, дедовци се изморија од зборување. Мајка ми и нејзините соборци, преку Дајте ни крилја, РЦ на родители на деца со посебни потреби, Националната алијанса за ретки болести се борат и создаваат сервиси, предлагаат нови закони, правилници, акциски планови и никој не ги сфаќа сериозно!

Вчера беше први април, денес не е ден за маскирање! Симнете ги маските!!!

Прифатете ги лицата со аутистичен спектар сите 365 дена и создадете услови за нивно достоинтствено живеење!!!

Следни Објави

Тој беше еден од моите лекови, ако не и најважниот: Ново продолжение од потресното сведошво на Лила

По најголемата животна победа, Лила Филиповска во детали зборува за борбата со канцерот, процесот на лекување, но и за поддршката од најблиските во такви тешки моменти. Овојпат во интервју за телевизискиот магазин „Ексклузив“ на JingleTV, македонската водителка и инфлуенсерка призна дека мачорот Рагнар кој со години е дел од нејзиниот […]