fbpx

Таткото на Мелиса проговори за ќерката: Една работа ги вознемири сите

На социјалните мрежи се огласи Фатих Куртиши, таткото на Мелиса која исчезна во четвртокот, а која по три дена беше пронајдена на Бит Пазар.

Тој им се заблагодари на сите добри луѓе кои од срце помогнале во пронаоѓањето на неговото чедо, а откри и во каква состојба е сега откако се’ се заврши како што треба.

„Мелиса е добро, повторно сме заедно. Им се извинувам на сите мои блиски што ми се јавуваа, а за жал не можев да им возвратам и да им одговарам на повиците од што три дена не бев спиен и уморен. Господ да ви даде здравје и да ве чува“, напиша, меѓу другото, тој на „Фејсбук“.

Во посебен пост тој им се обрати и на оние кои додека траела потрагата го навредувале и се обидувале да го дискредитираат.

„Забележав дека една пијаница ме навредил дека сум психопат родител, се надевам дека оваа недела ќе се сретнеме во обвинителството.. Од болка не знаев ништо за детето, а тоа лице ме навредуваше“, напиша Куртиши.

Во јавноста денеска се огласи и Енгин Ајро, таткото на 12-годишната Аниса. Се надева дека сега, кога сите се заедно, траумата ќе остане зад нив и дека мирно ќе го продолжат животот. Неговата изјава ја имате ОВДЕ!

Следни Објави

Уште третиот ден знаел дека ќе се разделат: Нова исповед на Џамбазов

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова пред два месеца дефинитивно ставија крај на нивната врска која постојано беше под будното око на јавноста. Во своето најново интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Џамбазов открива дека разидувањето едноставно морало да се случи, а за тоа биле свесни […]