fbpx

Доби дете, експресно се разведе, а сега пак ќе стане татко: Македонскиот пејач не ја крие среќата (ФОТО)

Македонецот кој победи во регионалните музички шоуа „Икс фактор“ и „Твоето лице звучи познато“ повторно ќе стане татко

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски денеска пријатно ги изненади фановите откако објави фотографија на „Инстаграм“ со својата бремена сопруга.

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го нашето малечко“, напиша тој.

Јавноста не знае речиси ништо за неговата втора сопруга, а тој секогаш со емотивни зборови на социјалните мрежи не’ потсетува дека по бурниот развод конечно е среќен.

„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе“, ѝ напиша на саканата пред неколку месеци.

На Кајмакоски, кој своевремено не’ претставуваше и на „Евросонг“, многумина му предвидуваа блескава кариера, но кога публиката најмногу очекуваше од него тој одлучи да му се посвети на приватниот живот.

Се ожени со манекенката и пејачка Кристина Димитријевска, го добија синот Давид, но љубовта кратко им траеше.

Разидувањето им беше скандалозно, барем така пишуваа медиумите.

„Јас сум и мајка и татко на мојот син“, изјави Димитријевска во едно интервју.

На прашање од новинарката во какви односи е со поранешниот сопруг, таа кратко порача дека не сака да се враќа во минатото и дека има други многу поубави работи за кои може да се зборува.

Ј.П.

Следни Објави

Естрадата тагува, пејачите се простуваат од Дејан: Почивај во мир, брате!

Трагична вест ја потресе музичката сцена „Почивај во мир, драг мој брате, нека те чуваат ангелите“. Со овие трогателни зборови водителот Сандро Марковиќ се прости од познатиот продуцент Дејан Аксентијевиќ кој почина на 48-годишна возраст по операција на срцева аорта. Трагичната вест ги шокира неговите колеги, но и пејачите со […]