fbpx

Малечката лавица не издржа: Почина Ивана

Нејзината прерана смрт лани ги потресе граѓаните во цел регион

По тешка борба со карцином, пред точно една година (18 април 2022 година) почина малата Ивана Бјелогрлиќ, девојчето кое јавноста го запозна како Ица Лавица и за кое се собираа донации во целиот регион.

Нејзината борба со тешката болест траеше од септември 2018 година кога ѝ беше дијагностициран рак на бубрегот кој подоцна се прошири на црниот дроб и на дел од белите дробови.

„Со огромна тага и болка ве информираме дека нашата малечка лавица замина во подобар свет, свет во кој нема повеќе болка, страдање, ниту солзи. Отиде кај ангелите каде што и припаѓа“, објавија на фејсбук-страницата „Да ѝ помогнеме на Ивана“.

Ивана се лекуваше во Бања Лука, а потоа и во Париз. За жал, болеста ѝ се врати, па замина на повеќемесечно лекување во Турција.

Фото: Срна

Следни Објави

Падна одлука! Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани, а еве и по кој редослед

Македонската Влада на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да […]