fbpx

Познатиот пејач е пронајден мртов, велат дека се самоубил: Естрадата во шок!

Мунбин, член на јужнокорејската поп-група „Астро“, ненадејно почина, соопшти полицијата.

Познатиот пејач имаше само 25 години, а е пронајден мртов во својот дом во Сеул во средата околу 22:10 часот по локално време, јавуваат корејските медиуми.

Колегите се сомневаат дека пејачот, чие вистинско име е Муб Бин, извршил самоубиство, но се’ уште не се знае точната причина за смртта.

Неговата издавачка куќа на „Твитер“ ја потврди тажната вест.

„Со длабоко жалење ве информираме дека на 19 април ненадејно не’ напушти Мунбин и стана ѕвезда на небото“, напишаа продуцентите на пејачот.

Погребот на Мунбин ќе се одржи „што е можно потивко“, во присуство само на членовите на семејството, пријателите и колегите, се наведува во официјалното соопштение до јавноста.

Следни Објави

Се изобличив, изгледав ко патка! Ќерката на Змијанац проговори за сите естетски корекции

Популарната пејачка Николија Јовановиќ важи за една од најатрактивните жени на регионалната сцена. Сепак, многу се расправаше за нејзиниот изглед и за естетските зафати кои ги има направено, а таа сега се огласи и ги откри сите корекции на себе. Иако многу јавни личности не сакаат да признаат ниту една […]