Популарната пејачка Николија Јовановиќ важи за една од најатрактивните жени на регионалната сцена. Сепак, многу се расправаше за нејзиниот изглед и за естетските зафати кои ги има направено, а таа сега се огласи и ги откри сите корекции на себе.
Иако многу јавни личности не сакаат да признаат ниту една корекција, ќерката на Весна Змијанац одлучи да проговори за сите, од прва до последна, дури и детално објасни за кои се кае, а за кои не.
„Имам желба да споделам се’ со вас. Првото нешто што го направив беа градите. Имав комплекс, бев рамна ко даска. Во моите дваесетти операцијата ми помогна да се чувствувам добро во моето тело, но сега во триесеттите, да можев да се вратам во минатото, никогаш немаше да вградам силикони. Немојте да ми кажувате дека сега можам тоа да го променам, тоа би ме „чинело“ многу лузни“, ја почнува Николија својата исповед.
Вели дека друга глупост што ја направила е корекцијата на усните.
„Мојата прекрасна, убава уста ја изоблчичив поради модата што продолжува до ден-денес. Тогаш имаше само трајни операции на усни и тие со текот на времето се искривија, изгледав како патка, се’ беше нерамномерно. Минатата година извадив се’ што е неприродно од устата и сега повторно ја имам својата природна уста, иако за жал морав да поминам низ хируршки процес. Тие се големи, убави и не знам што ми требаше. Направив трајна шминка, па секогаш изгледам како да имам кармин. Задоволна сум со тоа, а ги направив и веѓите и исто така ми е жал што ги искубав во средно училиште, никогаш повеќе не би го направила тоа“, признава.
И последното нешто што го корегирала бил носот.
„Имав девијација, немав комплекс и не се каам затоа што вака дефинитивно е подобро“, порачува таа.