fbpx

Моето дете има две мајки: Калиопи конечно проговори за синот (ВИДЕО)

Калиопи има нова песна, дует со нејзиниот долгогодишен пријател Жељко Самарџиќ.

Темата „Знам“ одлично поминува кај публиката, а македонската поп-дива освен за соработката која пријатно ги изненади нејзините фанови, во своето последно интервју за „24седам“ отворено зборува и за приватниот живот.

Автор на „Знам“ е нејзиниот прв сопруг Ромео Грил, човекот со кој всушност и се проби на југословенскиот пазар. Иако се разделија уште пред три децении, Калиопи не крие дека на поранешниот партнер може да му се јави и на полноќ и дека одлично се согласува со неговата сегашна сопруга.

„Тогаш најмногу можам да го барам затоа што знам дека е во студио и работи. Знам каде е. Ние сме овде денес како семејство. Ромео дојде со сопругата, таа ми е најблиска пријателка. Ние живееме така. Секогаш велам дека моето дете има две мајки, пред малку Ромео рече: „Јас имам три жени“. Многу се спријателивме, едноставно така е“, открива Калиопи.

Како што вели, меѓу нив нема љубомора, ниту суета.

„Ние сме реализирани луѓе, имаме минато, сегашност и верувам дека ќе имаме и иднина. Верувам дека тоа е суштината на животот“, заклучува таа.

Во истото интервју, Калиопи зборува и за татка си кој почина минатата година, и за тоа како морала да остане присебна и покрај загубата и најпрофесионални да го одработи веќе закажаниот концерт на Фрушка Гора.

Следни Објави

Денес е Балаклија, празник на мајката Божја: Направете го ова за бидете здрави

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Посветен е на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник. Востановувањето на овој празник се случил во храмот […]