fbpx

Најдени се Антонија и Радмила: Се огласи мајката на едно од девојчињата

„Ви благодарам на сите, најдени се децата“, напиша на „Фејсбук“ мајката на едно од девојчињата кои денеска исчезнаа во главниот град.

Цела македонска јавност попладнево споделуваше фотографии на две исчезнати малолетни девојчиња од струмичко кои дошле на училишна екскурзија во Скопје.

Случајот го пријави нивната наставничка Е.А. која последен пат ги видела пред трговскиот центар Веро Џамбо.

Се шпекулира дека Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14) биле пронајдени доцна вечерва кај Рампа во Кисела Вода.

Полицијата допрва ќе утврди како се случи инцидентот, како девојчињата навистина се изгубиле, дали со себе имале мобилни телефони..

Следни Објави

Ве лажат и на пазар и во маркет: Само ВАКА ќе препознаете домашни јагоди

Јагодите се едно од највкусните и најомилените овошја во светот. Нивната сочна и слатка пулпа има освежителен вкус кој лесно се топи во устата. Покрај тоа, јагодите се преполни со витамин Ц и други хранливи материи кои се корисни за здравјето. Сезоната на јагоди започна, а тоа значи дека сите […]