fbpx

Естрадата завиена во црно: Почина познатата пејачка, трагедијата ја потврди славниот продуцент

Британската пејачка Феј Фантроу почина на 21-годишна возраст. Познатата пејачка имаше рак, а леукемијата ја победи два пати, на 8 и на 13 години.

Сепак, во септември 2022 година ѝ беше дијагностициран многу редок тумор на мозокот.

Пејачката починала во саботата, а последните денови пред смртта ги поминала дома со семејството.

Нејзиниот дебитантски албум го продуцираше познатиот Дејв Стјуарт кој и ја објави трагичната вест.

    „Не можам да опишам со зборови колку сум скршен од тага. Поминав неверојатно креативно време со Феј минатото лето на снимањето на нејзиниот прв албум. Беше девојка полна со радост, забава, смеа и остар хумор-вистински уметник во секоја смисла. Моментите поминати со неа во студио нема никогаш да ги заборавам. Имам среќа што ја запознав и нејзината мајка Пем која лавовски се бореше за животот на своето чедо“, изјави, меѓу другото, славниот продуцент.

    Следни Објави

    Ми го убија детето: Мајка со потресно сведоштво за Онкологија

    Не стивнуваат реакциите во јавноста по најновиот скандал кој го тресе македонското здравство. Вознемирувачките информации за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапијалекари ја кренаа на нозе македонската јавност. Лекарите од оваа клиника наводно правеле злоупотреби со кои ги повредиле етичките принципи и кодексот на медицинската деонтологија. […]