fbpx

Трагедија! Двегодишно дете си ја уби бремената мајка, деталите шокираат

Бремена 31-годишна жена почина откако била застрелана в грб од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата.

Лаура Илг, која била во 34 недела од бременоста, се јавила на телефонската линија за итни случаи минатиот петок за да пријави дека нејзиното дете ја повредило откако се дофатил до нејзиниот пиштол.

Нејзиниот сопруг исто така потврдил дека му се јавила сопругата која беспомошно врескала. Полицијата објави повик на кој се слуша како Илг избезумено моли за помош. Според NBC News, Илг ѝ рекла на диспечерката дека се наоѓа горе на спратот и дека ѝ е потребна помош.

„Дали вашата влезна врата е отклучена?“, ја прашале од 911. „Кажете им да ја разбијат вратата, ве молам побрзајте“, им одговорила Илг.

Полицијата наведува дека пристигнала на местото на настанот три минути по првиот повик и насилно влегле во куќата, пренесува Sky News.

„Лаура е пренесена во медицинскиот центар „Фишер Титус“, каде што е извршен итен царски рез“, додаваат тие. Властите објавија дека нејзиниот нероден син починал помалку од еден час по повикот, а мајката се упокоила подоцна. Потврдено е дека пиштолот кој го дофатил детето е SIG Sauer P365.

Илг и нејзиниот сопруг им кажале на властите дека пиштолот го чувале на ноќното ормарче во спалната соба. Во куќата биле пронајдени и една сачмарка и пиштол „аирсофт“. Се’ уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното обвинителство.

Следни Објави

Засекогаш ќе бидеш во нашите срца: Потресни зборови од мајката на починатата млада докторка

Дваесет и шестгодишната Алма Суљиќ, втората девојка која Армин Берберовиќ ја удри со автомобил на 26 мај кај Маријин Двор во Сараево, почина синоќа во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. „Со голема тага, раководството и вработените во „Дом здравља“ Зеница упатуваат последно збогум до нашата д-р Алма Суљиќ и […]