fbpx

Засекогаш ќе бидеш во нашите срца: Потресни зборови од мајката на починатата млада докторка

Дваесет и шестгодишната Алма Суљиќ, втората девојка која Армин Берберовиќ ја удри со автомобил на 26 мај кај Маријин Двор во Сараево, почина синоќа во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

„Со голема тага, раководството и вработените во „Дом здравља“ Зеница упатуваат последно збогум до нашата д-р Алма Суљиќ и наше искрено сочувство до нејзиното семејство. Д-р Алма Суљиќ работеше во Службата за детска здравствена заштита, а нејзиното предвремено и трагично заминување е голема загуба за Здравствениот дом „Дом здравља“ Зеница и за нашите пациенти“, е наведено во соопштението на институцијата.

Во меѓувреме се огласи и мајката на починатата млада девојка.

„Засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша мајката на Азра споделувајќи фотографија со двете млади докторки кои трагично настрадаа.

Да потсетиме, Берберовиќ со своето возило удри три лица на пешачки премин. Азра Спахиќ почина на лице место, а другите двајца веднаш беа пренесени во болница.

Берберовиќ е уапсен ден по несреќата. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол, со поголема брзина од дозволената и без положен возачки испит.

Следни Објави

Мало ангелче, си замина засекогаш: Почина 14-годишниот Лука

Лука се бореше со тумор на коските кој му беше дијагностициран по повреда на тренинг Почина четиринаесетгодишниот Лука Петровиќ Јовановиќ, момчето кое го обедини целиот регион и за кого се собираа донации. Нему во 2020 година му беше дијагностициран тумор на коските. За жал, не ја доби најважната животна битка, […]