fbpx

ТРАГЕДИЈА! Тела на сестра (17) и брат (14) извлечени од вода

Телата на момчето и девојчето, кои исчезнаа во атарот на селото Ресинац, се извлечени од водата, откако нивото на истата денеска конечно беше намалено со испумпување.

Роднините на починатите деца потврдија за националната српска телевизија дека станува збор за брат (14) и сестра (17), староседелци од блиското село Доње Речице.

Момче и девојче исчезнаа вчера во огромните јами кои се создадоа кај ископините до фабриката за тули, а кои се наполнија по последните обилни врнежи.

Тие езера последниве денови беа места каде се освежуваа и капеа и млади и стари од околните села.

На тоа градилиште нема постојано обезбедување, чувари, но цело време имало работници во фабриката за тули, кои не успеале да влијаат на капачите и излетниците, а капачите ги игнорирале и знаците за предупредување.

Следни Објави

Уморна сум да барам нешто што Бог не ми го дава: Петти неуспешен обид за потомство на македонската писателка

Младата македонска писателка и текстописец Ксенија Николова објави фотографија од болница и на своите следбеници им откри дека и петтиот обид за вонтелесно оплодување ѝ бил неуспешен. Николова вели дека тоа е болно, тешко и неверојатно мачно да се прифати, но дека сака јавно да го сподели за да посочи […]