fbpx

Каде замина, братче? Огромна тага во Велес, сите се простуваат од Александар Стојанов

Уште еден живот прерано згасна

Тажна вест синоќа на социјалните мрежи сподели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски.

„Нашиот доктор кој никогаш не знаеше да згреши никому, човек со огромно срце, хуманист и патриот, во неколку наврати член на ОК Велес, Александар Стојанов, за жал денес нѐ напушти. Почивај во мир докторе“, напиша тој на „Фејсбук“.

Оние што го познаваа велат дека Александар бил прекрасен човек кој помагал на сите.

„Нашиот доктор специјалист ги почитуваше сите, сите го почитуваа и сите сакаа да биде среќен. Помагаше на сите. Има ли зборови што можат да го опишат.. Мир и почит“, коментираат неговите сограѓани.

Следни Објави

Трагедија! Во немил настан животот го загуби Ленче, колегите во шок

Во трагична несреќа вчера животот го загуби Ленче Јованова (1957-2023) која сиот свој работен век го помина во Музејот на град Скопје. Од Македонското археолошко друштво со големо неверување ја примија веста дека нивната колешка во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66-годишна возраст го загуби својот живот. […]