fbpx

Начукајте си го тоа „кога ќе се породиш, ќе заборавиш сѐ“: Теодора за родилката која се обиде да се самоубие

Жена, 39-годишна, откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот. Oва е првата вест која ја прочитав денска откако уклучив лаптоп.

Ќе почнам вака.. начукајте си го тоа „кога ќе се породиш, ќе заборавиш се“ знаете каде.

Инстаграм-мами јадат чија семе и киноа додека споделуваат видеа како вежбаат три пати на ден во седми месец од бременоста, ти отвораш фрижидер уште еднаш и си поткаснуваш, веројатно по седми пат тој ден, од една страна сите ти велат да си јадеш бидејќи си трудна, од друга страна те јаде совест кога ја гледаш совршенава трудница како е фит, а ти веќе имаш ставено повеќе од 15 килограми. Остануваат уште два месеци, тоа значи уште веројатно пет до десет килограми плус.

Подготовки за име, соба, алишта, колички, шеми за тоа колку пати ќе доиш, ќе се молзиш, за колку месеци ќе почнеш на работа. Тече времето, расте стресот за денот Д.

Редовни контракции, се скусува времето, ЦТГ денеска, утре пак, дојди во понеделник, конечно почнуваат да бидат на неколку минути. Одиш во болница.

Ох, нема ништо женствено, убаво и магично во константни болки, клизма, провокации и помини – брцни проверка на цервикс.

Ќе мора да ти правиме царски. ми рекоа. После повеќе од 12 часа, само слегнав со рамената и реков во ред, само нека заврши.

Тркалата на креветот тропаат по ходници, а светот ми се смалува. Свират мониторите, се полни салата. Не и ставајте тоа, тахикардична е – го слушам анестезиологот. Дваесет минути траат вечност, докторките конечно завршуваат со операцијата и се слуша плач.

Ништо, празно! Плачеш со некаква леснотија дека се завршило, не паѓаш во несвест од среќа дека си мајка и дека е баш ова е најубавиот момент што си го доживеала.

Доаѓаш дома, се мачиш со доење, те боли раната, крварења, сите наеднаш имаат што да те посоветуваат, да ти кажат. Ноќите и деновите ти се исти, времето станува убаво, а ти седиш на тераса и се прашуваш зошто ти требаше ова, која си, како ќе издржиш. Поминува време, станува полесно, спиеш повеќе од два часа во денот, имаш време да се избањаш, да испиеш кафе со другарките, да излезеш, килограмите полека се намалуваат…

Конечно, собираш и сила да го напишеш и ова, ти требало катарза. За жал, оваа 39 годишна родилка, можеби никогаш нема да стаса да го каже своето патување на глас.

Постпородилната депресија не е ретка појава, а тоа „ќе помине, нормално е“ ви кажав..

Фејсбук-статус на Теодора Цветковска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Аир да не видите! Македонски доктор видно се вознемири, кога ќе ја слушнете причината..

Ненад Лазаров, македонскиот доктор кој ужива огромна популарност на социјалните мрежи, повторно го сврте вниманието на јавноста. Овојпат видно се вознемири од цените на свежите продукти кај нас. „119 денари зелени патлиџани ко за у туршија. Соравии купуваат, фотоволтаици, за народ една шопска луксуз стана, аир да не видите“, напиша […]