fbpx

Се скарале за глупост, па го убил: Македонија во шок, расправија заврши трагично

Жител (25) на селото Виничани е осомничен дека завчера со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело убиство.

Државното јавно обвинителство соопшти дека на 19-ти јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на неговиот татко, и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

„При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на самото место“, информираат од обвинителството.

Оттаму посочуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.

Следни Објави

Светот тагува, почина легендарниот Тони Бенет

На 96-годишна возраст почина легендарниот американски пејач Тони Бенет. Во 2016 година му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, но продолжи да настапува и да снима се’ до 2021 година. Неговиот врсник, Френк Синатра, го нарече најдобриот популарен пејач на светот. Бенет е роден во Њујорк, како Ентони Бенедето, а се стекна […]