fbpx

Светот тагува, почина легендарниот Тони Бенет

На 96-годишна возраст почина легендарниот американски пејач Тони Бенет.

Во 2016 година му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, но продолжи да настапува и да снима се’ до 2021 година.

Неговиот врсник, Френк Синатра, го нарече најдобриот популарен пејач на светот.

Бенет е роден во Њујорк, како Ентони Бенедето, а се стекна со светска слава со песната „I Left My Heart in San Francisco“.

Освои неколку музички Греми награди и сними повеќе од 100 албуми.

Во 2014 година го сними и албумот „Cheek To Cheek“ со Лејди Гага, на којшто пејачката им се врати на корените на џезот.

Следни Објави

Коста конечно се соочи со родителите на жртвите: Неверување по тоа што им го кажал

Момчето кое на трети мај уби девет свои врсници и обезбедувачот на училиштето „Владислав Рибникар“ и тешко повреди уште четири деца и професорката по историја, не се покаја, ниту, пак, заплака за другарите! Како што српски „Курир“ ексклузивно дознава, за време на распитот на Коста кој бил сослушан преку видео […]