fbpx

Соседите ја пронајдоа мртва на фотеља: Пејачката имаше само една желба, на денот на погребот во нејзината куќа се случи нешто морничаво

Легендарната Зорана Лола Новаковиќ беше вистинска југословенска дива која на музички план ги одбележа 60-тите и 70-тите години на овие простори.

Ја паметиме по бројните хитови и по концертите кои се распродаваа за неколку часа. Во 1962 година беше четврта на „Евровизија“ со нумерата „Не пали светла у сумрак“.

Освен за професионалните успеси, медиумите подеднакво се интересираа и за приватниот живот на кралицата на евергрините, како што ја нарекуваа.

Познато е дека трипати се мажеше. Со првиот сопруг, професор по фискултура, не издржа цели две години. Во 1966 година се заколна на вечна љубов со Мило Јовановиќ, висок функционер во авиокомпанија со кого остана дури две години повеќе. Беше во брак и со естрадниот уметник Драган Антиќ со кого се разведе во 2000-та.

Токму во тој период страна мета на жолтиот печат, па се шпекулираше дека била таен агент и поранешен руски затвореник, па не можејќи да се соочи со големиот притисок на медиумите се повлече од сцената.

Оние кои вистински ја познаваат, ја опишуваат како скромна жена која за своите колеги не изговорила ниту еден лош збор. Маја Оџаклиевска во една прилика кажа дека Лола била пејачка која никогаш не „трчала“ за популарност.

Новаковиќ почина на 3 април 2016 година, дваесеттина дена пред да го прослави 81-от роденден. Соседите ја пронашле на омилената фотеља каде вообичаено се одмарала.

Интересен и несекојдневен момент е што на денот на погребот бил ограбен нејзиниот дом. Близок пријател на Лола тогаш ги искара новинарите дека не покажале никаков интерес за овој случај.

Следни Објави

Ни доаѓа еден од најголемите празници: Еве што не смеат да работат жените, а што мажите

Православната црква и нејзините верници на 19 август го одбележуваат големиот празник, Преображение. Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата. Во […]