fbpx

Легнала да спие и не се разбудила: Семејството во шок, мистериозна смрт на познатата спортистка

Тажна вест го потресе спортскиот свет

Ненадејно почина 42-годишната Хелен Смит, поранешна натпреварувачка на Олимиските игри. Нејзиното семејство се’ уште е во шок и никој не може да поверува што се случило. Таа заминала да спие и никогаш повеќе не се разбудила. Зад себе остави две деца и сопругот Крег.

Заедно со семејството отишла да го прослави роденденот на брат ѝ Роб, а таму биле и нејзините родители и роднините.

„Бевме сите заедно, а потоа таа си легна. Шокирани сме. Не била болна и немала здравствени проблеми. Ова е кошмар и чекаме да се разбудиме.. Не можеме да поверуваме дека ова не е некој хорор филм, туку сурова вистина “можеме да веруваме“, им изјави на медиумите Никол Хил, сопругата на Роб.

Хелен беше позната британска пливачка, учествуваше на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Таму не освои медал, но постигна значителни успеси на многу други натпреварувања. По спортската кариера продолжи да работи како наставничка.

„Беше голем мотиватор, секогаш се трудеше да го искористи секој момент, прва стануваше наутро. Таа работна етика ја изгради кога се занимаваше со пливање, беше вистински поддржувач на своите деца“, вели Никол.

Нејзиниот татко Џон напиша потресна порака на социјалните мрежи.

„Хелен е наша гордост и радост, секогаш беше насмеана. Не ми се верува како можеше само да легне и да не се разбуди повторно“, напиша тој на „Фејсбук“ објавувајќи заедничка фотографија.

Следни Објави

Македонките полудеа по оваа чанта: Апсолутен хит, веднаш се распродавa

Кожената кратка чанта, во форма на полумесечина со дебел појас, ги освои трендсетерите ширум светот, меѓу кои и жените во Македонија. Кога првпат излезе во продажба, се распродаде за само неколку недели, а тој тренд продолжи. Елегантна и прилично едноставна во дизајнот, со само неколку токи од сребрен појас и […]