fbpx

Немате храброст, па удирате по жена: Гавазова им се обрати на „патриотите“

Добар ден на сите. Ред е и јас да кажам за тоа што некој се обидува да ме „уништи“ со тоа што ме нарекува предавник, парољубец, пеам Бугарски песни, пеам Горански, Српски, Ромски, Грчки…

Само да знаете Македонија е срцето на Балканот и од овде се’ треба да знае еден пејач. Не може да ме уништите кои и да сте, не се плашам од вас, мене народот ме сака затоа што сум направила добрини, правам и ќе правам.

Срамота е што се обидувате на жени, мајки и пејачки кои го дале целиот живот за Македонската песна така да пишувате и така да навредувате. Зошто не се обидете на маж така? Немате храброст, па затоа удирате на жена.

Ниту сум ја предала Македонија, ниту сум ја украла…тој што ја предал нека му ја мисли, а и тој што ја украл рацете да му се исушат.

Ви смета што пеам секакви песни, а не ви смета што браќата Срби ечат во Македонија.

Фејсбук-статус на Сузана Гавазова, естраден уметник

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Жена почина откако изела лубеница: Не можела да престане да повраќа, ѝ немало спас

Жителка на Москва (47) починала откако изела лубеница што ја купила во близина на една од метро-станиците во главниот град на Русија. Локалните медиуми јавуваат дека почнало да ѝ се гади и да повраќа откако го изела овошјето, но одлучила да не бара лекарска помош. Дури следниот ден мајката на […]