fbpx

Естрадата во шок: Почина познатиот пејач кој сними дует со Лепа Брена

Почина Мирослав Живановиќ-Пиле, фронтменот на групата „Алиса“.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот брат.

„Драги пријатели, со голема тага ве известувам дека денеска почина мојот пријател, брат и водач на нашиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ-Пиле. Почивај во мир пријателе, со твојот ангелски глас достоен за небескиот свод“, напиша тој.

Пиле ја основа својата музичка група во осумдесеттите, а веќе во раните деведесетти бендот се распадна.

Вториот голем камбек бендот го имаше во 2000-та со песната што го носи името на нивната група. Публиката ги памети и по големиот хит „После девет година“ што го снимија со Лепа Брена.

Следни Објави

Божиќни обичаи и верувања: Никако не правете го ова!

Божиќ е највеселиот од 15-те големи верски празници и се слави три дена. Божиќ се празнува како денот на раѓањето на Исус и се прославува на 7-ми јануари. Овој ден се поминува дома со семејството, не се оди на гости и не доаѓаат гости. На иконите е претставена пештерата во […]