fbpx

Имала операција на срце: Потресно сведоштво за Атина Апостолова

Почина познатата македонска пејачка Атина Апостолова.

Колеги од естрадата, роднини и пријатели се простуваат од неа на социјалните мрежи.

Тажната вест за порталот „ММС“ ја потврди и нејзината колешка Вики Среброва.

„Замина мојата Тинче. Ја барав денес неколкупати, но не ми се јави. Три часа ја барав. Ми стана сомнително и заминав кај неа дома. Кога отидов беше затворено, а живее на приземје. Повторно ѝ ѕвонев и не ми се јави, па се јавив кај сестра ѝ, која ме посоветува да одам од задната страна. Кога отидов погледнав низ прозор, телевизорот работеше, а се’ наместо ѝ стоеше. Се јавив на сестра ѝ и заминав дома. Подоцна сестра ѝ ми се јави и ми кажа дека брат ѝ морал да го скрши прозорот за да влезат и кога влегле ја нашле почината“, раскажува Среброва за „ММС“.

Познатата пејачка и водителка открива делка неодамна Атина имала операција на срце, но дека се’ поминало во најдобар ред.

Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет. Најпозната е по рефрените „Запејте мераклии“ и „Цела вечер ќе ти пејам“, евергрини на домашната фолк-сцена.

Следни Објави

Нови детали за смртта на Мирко Петровски

Телото било предадено на обдукција Министерството за внатрешни работи денеска соопшти детали за смртта на Мирко Петровски, повеќекратниот македонски фитнес и бодибилдинг шампион кој почина вчера на 47-годишна возраст. „На 06.03.2024 година во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден […]