Попот Михаил свирепо ја убил жена му Викторија! Делови од телото завршиле во замрзнувач

Рускиот свештеник Михаил Зубарев (40) наводно ја обезглавил својата сопруга пред нивната преплашена осумгодишна ќерка во грозоморно убиство за Ноќта на вештерките.

Полицијата подоцна соопшти дека го пронашла черепот на жената во замрзнувач, според извештаите во Русија.

Зубарев е во притвор по крвопролевањето во кое е убиена неговата сопруга Викторија.

Нивната ќерка и синот Данил (17) се хоспитализирани и добиваат психолошка помош во градот Нижнекамск, во регионот на Татарстан.

Парохијаните се пожалија на „чудно“ однесување на свештеникот, а на почетокот на овој месец Руската православна црква му забрани да дејствува.

Извештаите кои се повикуваат на полицијата велат дека Зубарев „поминал со сечилото преку вратот на Викторија“ пред да ѝ го распарчи телото.

Облеен во крв, тој „почнал да се моли“, повикувајќи ја својата ќерка да му се придружи. Вознемирената девојка телефонски му се јавила на постариот брат за да го замоли да се врати во семејната куќа, по што тој набрзо пристигнал.

Некои извештаи велат дека свештеникот ја ставил отсечената глава на неговата сопруга во замрзнувачот и дека неговата ќерка ја пронашла.

Зубарев е по потекло од арктичкиот регион Мурманск и работел како затворски капелан. Дипломирал на Московската православна богословија во 2010 година.

Митрополитот Казанско-татарстански Кирил извести дека „со длабока тага ја примил веста за страшниот инцидент“.

Тој изрази „искрено сочувство“ до роднините на Викторија и рече дека „се моли за покој на нејзината душа и за здравје на децата сирачиња“.

Свештеникот се соочува со потенцијална доживотна казна затвор доколку биде осуден за убиството.

Следни Објави

Потресно сведоштво за Коста, ново шокантно сознание

Измина точно половина година од крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ кога тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет ученици и вработен од обезбедувањето. По трагедијата која го потресе и згрози целиот регион, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваквата трагедија. […]