Камерата ја фати жива како краде во фризерски салон!!
Подзаборавено видео повторно стана вирално на социјалните мрежи, откако еден случаен корисник го постираше на „Твитер“.
„Оваа жена навистина знае што прави“, искоментира тој.
Снимката е направена во Белград. Една жена влегува во фризерски салон прашувајќи за бои за коса. Се жали дека тешко ги поднесува горештините бидејќи е бремена, па вработените ѝ предлагаат да седне и ѝ нудат освежување.
Таа го користи моментот и претура по ташната на друга муштерика, па успева да го извлече паричникот, по што си заминува.
Целата ситуација е документирана од безбедносната камера во објектот.