fbpx

Прва фотографија од Љупчо Палевски Палчо по апсењето во Турција

Вечерва во Турција е уапсен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја објасни и постапката на лоцирањето на Палевски и неговото движење.

– Вчера неговиот адвокат го однел во Србија, таму е оставен во еден хотел, оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со власти и и полицијата и со еден нивен оперативен извор кој што за кратко време врати повратна информација, дека лицето е во тој град и ни кажа за неговите намери. Оттука сакал да замине во Истанбул, се подготвува и со такси возач оди во Истанбул и тука е симулирањето негово и се враќа назад во Беликесир и денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пешки по улица во Баликесир – објасни Спасовски.

Тој ги покажа и фотографиите од приведениот Палевски фотографирани од турската полиција.

Рече дека ќе започне веднаш со процесот на екстрадиција.

Следни Објави

Свирепо го убиле: Нови страшни детали за последните мигови на Панче

Отворена е истрага за убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Таткото на девојчето се товари за помагање во грабнувањето на сопственото чедо, целта била да се изнудат пари за откуп од мајката. Обвинителството откри и како бил убиен Панче. „Љупчо Палевски Палчо и неговите помагачи се договориле и го […]