Порталот „Скопје1“ објави снимка со Стефан Димковски, човекот кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо на релација Гелград-Бугарија-Турција и заврши во притвор.
На објавеното видео на прашање на новинарите вели дека не чувствува вина во случајот со убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска.
„Јас го возев на болница“, вели Димовски на снимката.
Тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на трети декември, датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо, претходно напиша „Скопје1“.