fbpx

Прва слика на слобода: Боки 13 им се обрати на фановите, го спомнува Господ

Македонски шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски објави фотографија на социјалните мрежи.

За неполн час доби илјадници лајкови од своите следбеници, но и коментари со поддршка.

„Прво селфи на слобода по повеќе од четири години! Господ на помош, прво и најважно здравје, па потоа се’ ќе си дојде на свое место! Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови целиот изминат пеколен период“, напиша популарниот Боки 13.

Јовановски на крајот на ноември доби прекин на издржувањето на казната, но само за два месеци.

Од Кривичниот суд информираа дека причината е влошена здравствена состојба, а по истекот на рокот, осудениот ќе мора сам да се јави на доиздржување на казната во затворот Идризово.

Следни Објави

Страшно! Нови сознанија за мајката и сестрата на убиената Вања

Зорица Ѓорчевска, мајката на свирепо убиената 14-годишна Вања, заедно со помалата ќерка од пред некој ден се наоѓаат на една од скопските клиники, дознава „24инфо“. Порталот тврди дека ја знае и конкретната клиника на која се сместени мајката и ќерката Ѓорчевски, но дека водејќи се од морални принципи истата нема […]