fbpx

Мислам дека детето ми е киднапирано, ве молам помогнете ми: Се огласи мајката на исчезнатата Сара Петровиќ од Белград

Седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот „Франш“, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венац.

„Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забава во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив, одговори некој, се слушна врева од автобусот, ама не и таа. Не знам што се случи со неа! Што ако моето дете го киднапираа. Ѝ се јави и татко ѝ, мојот поранешен сопруг, тој реагираше побурно, таа му одговори и му рече дека оди кај мене, ама оттогаш ја нема. Мислам дека била принудена да се јави. Ја бараат армија луѓе, невозможно е да не се јави никому. Телефонот ѝ е вклучен, одам да ѝ го лоцираат мобилниот. Ги молам сите да помогнат, ако ја видите, кажете ми, ве молам“, вели очајната мајка за „Телеграф“.

Сара е висока 165 см, витка е и има кафени коса и очи. Облечена е во црно и носи црн ранец, пишува во објавата.

ПОСЛЕДНА ВЕСТ!

Пронајдена е Сара П. (17) од Борча која исчезна денеска околу 13 часот, дознава „Блиц“.

„Сара е пронајдена, се’ е во ред, фала на бога“, кратко изјавила мајката на девојчето.

Следни Објави

Нови шок сознанија за убиената Вања: Се шират страшни приказни за секти и жртвување

Повеќе српски медиуми денеска ја пренесуваат репортажата на хрватските репортери од „Недељни“ кои наводно се единствените новинари кои влегле во школото на убиената Вања Ѓорчевска. И „Блиц“ ја пренесува нивната репортажа која во голем дел се базира на приказните коишто кружат во градот, а се опфатени и повеќе соговорници. Соседи […]