fbpx

Македонија тагува: Утрово почина истакнатиот новинар, аналитичар и поранешен амбасадор

Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор и добитник на државната награда „11 Октомври“.

Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството.

Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник.

По осамостојувањето на Македонија се вклучи и во политичкиот живот. Стана истакнат член на Партијата за демократски просперитет (ПДП), а во еден период беше и претседател на партијата. 

Напиша неколку книги кои претставуваат единствена научна анализа за изборниот процес и патоказ за организирање на изборите и организација на изборни единици.

Несими беше амбасадор на Македонија во Загреб, Хрватска. Потоа се посвети на научната дејност. 

Следни Објави

Тага во домот на познатиот пејач: „Тато, замина на ден кога многумина се радуваат и слават“

Почетокот на новата година за многумина е радосен и еуфоричен, но не и за популарниот рапер Ем Си Стојан. На денешен ден пред точно пет години почина таткото на раперот, Мирослав, за кого тој беше многу приврзан. Како и секоја година така и на овој први јануари во домот на […]