fbpx

Трагедија за Нова година: Марко го загуби животот на страшен начин

Млад човек починал од срцев удар на новогодишна забава во Бразил, само неколку моменти откако го удрила струја кога скокнал во студената вода на една фонтана за да се разлади.

Пријателите ѝ кажале на Федералната цивилна полиција дека Марко Бомтемпо (33) сакал да се разлади кога го удрила струја во фонтаната откако забавата завршила во клубот „Ботаник“ во Бразилија во раните утрински часови во понеделникот.

„Рече дека ќе скокне кога го напушти настанот“, изјавил Жоао Куња, пренесува бразилската новинска куќа „Г1“.

Куња се присетил дека го гледал Бомтемпо како ја соблекува кошулата и ја дава на една од девојките со кои присуствувал на забавата кога влегол во фонтаната.

Како што понатаму наведува, се обидел да го спаси, но и тој доживеал струен удар.

И друго лице се обидело да го извлече МАрко, но на крај успеал само да му помогне на Куња.

Окружниот пожарникар соопштил дека Бомтемпо доживеал срцев удар и пожарникарите се обиделе да го реанимираат пред да биде прогласен за мртов на местото на настанот.

Клубот во кој тие славеле остана затворен во понеделникот поради трагедијата.

Следни Објави

Безбедносни камери снимија силуета над крстот: Луѓето се уверени дека се „покажал“ Исус

Недалеку од хрватскиот град Лабин, кај местото Скитача, безбедносните камери снимија навистина интересна појава Облаците над врвот Орлиќ, инаку познато место кое редовно го посетуваат верници, накратко формираа силуета која предизвика големо внимание во јавноста, откако неколкумина прокоментираа дека истата ги асоцира на ликот на Исус Христос. Снимката лани стана […]