fbpx

Тамара и Мачка повторно заедно: Честитки од сите страни (ФОТО)

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски денеска имаа голем повод за славење.

Нинвото прво дете, ќерката Хана наполни седум години.

Роденденската забава беше тематска, во знакот на хит-серијата Wednesday која ги урна сите рекорди на гледаност на стримиг-платформата „Нетфликс“.

Фотографии од настанот објави Тијана Дапчевиќ која специјално допатува од Белград за роденденот на својата внука.

СЛИЧНИ ТЕМИ:

Прва исповед по разводот: Тамара отворено за Мачка, еве што пресудило да се разделат

Хана веќе тргна по стапките на мама, па лани ја сними својата прва композиција, темата „Битбокс кралица“, која ја отпеа на „Златно славејче“.

Автори на нумерата се Роберт Билбилов и Игор Џамбазов, тандемот задолжен за некои од најголемите хитови на Тамара.

Следни Објави

Вирус ги напаѓа мозокот и синусите: Сите се жалат на овие симптоми, најмногу децата

Доктор открива за што станува збор и како се лекува Висока температура дури и над 39, главоболка и мачнина се симптомите на кои деновиве се жалат повеќето деца, но и младите, па и возрасните. Педијатарот, д-р Саша Милиќевиќ, вели дека се работи за респираторен вирус кој ги напаѓа дишните органи. […]