fbpx

Нејзините родители му подадоа рака: Еве која е сопругата на Ламбе

„Долго време се познаваме со Магдалена. Бевме пријатели, а врската ја започнавме кога таа едно лето дојде во Битола“, откри пред неколку години Ламбе Алабаковски раскажувајќи ја својата љубовна приказна.

Со Јовчевска се заколна на вечна љубов во 2013 година. Двојката се венча во манастирот Свети Јован Бигорски, а подоцна се одржа и свадбена веселба во Битола која младенците симболично ја отворија со песната „Магдалена“ на Оливер Драгојевиќ.

„Од кал да е, Магдалена да е“, се пошегува Алабаковски за својата партнерка кога беа на почетокот од врската. 

Пред неколку години за „Женски Магазин“ Ламбе првпат сподели детали од семејниот живот во Америка, а во истата прилика откри и со што се занимава неговата сопруга.

„Сопругата е прво добра и грижлива мајка, а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер“, раскажа Алабаковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:

На врвот од популарноста му се случи голема трагедија: Вака Ламбе го пронајде својот мир

Ламбе никогаш не штедел комплименти за својата понежна половина со која има две деца, синовите Михаил и Димитриј.

„Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден, а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има, но треба да се поминат и да се надминат заедно. Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално, ретко излегуваме, но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели, а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби. Често знаеме да запееме и да засвириме исто така“, раскажа тој во едно интервју додека се’ уште живееше во Америка.

Македонскиот пејач често изјавуваше дека иако е таму физички присутен, срцето и душата му се во овде во Македонија. Затоа, за многумина воопшто не беше изненадување неговата одлука да купи карта во еден правец и да се врати во татковината.

Следни Објави

Нема да се грижам за мојата болна мајка: Марија ги шокира сите

Исповед на Марија (вистинското име не го откриваат од разбирливи причини) која ви ја пренесуваме во целост.. „Пораснав во големо семејство. Имам двајца постари браќа и две сестри. Јас сум најмала и не сум била планирана. Може да се каже дека им ги растурив сите планови. Родителите не криеја од […]