fbpx

Веќе не може да молчи: Саша Матиќ ја откри болната вистина

Марина Туцаковиќ одигра важна улога во кариерата на многу музички ѕвезди. Нејзините стихови беа дури и пресудни за кариерата на некои пејачи.

Еден од нив е и Саша Матиќ кој доби безрезервна поддршка од Туцаковиќ уште кога се појави на естрадата.

„Многу ми помогна. Ме натера да снимам неколку песни кои на почетокот не ги гледав како свои, а подоцна станаа големи хитови. Беше комплетен текстописец на моите први три албуми. Нема човек што не ја слушнал „Кад љубав закасни“. Веќе ми недостига, јас и таа некако посебно се сакавме. Бевме еден до друг, и во добро и во зло. Заедно преживувавме и подеми и падови“, искрено проговори Матиќ по смртта на Туцаковиќ.

Познатиот пејач вели дека е скршен од болка, особено што за неполна година ги изгубил и Марина и нивниот заеднички пријател Џеј Рамадановски.

Матиќ одлучи да открие тажни детали од животот на својот покоен пријател и колега.

Како што е веќе познато, Џеј секогаш со задоволство им помагаше на сиромашните, а како што вели Матиќ, сите му свртеле грб кога повеќе немал доволно пари.

– Кога престана да ги гоштева, речиси сите го напуштија. Со него останаа само пријателите – Руле, Софтиќ, Ацо Пејовиќ, Аца Лукас и јас. Беше толку широкоград, па секој што ќе му побараше помош на улица, добиваше барем сто евра – откри Саша Матиќ за „Информер“.

Следни Објави

Мајка си го пикнала бебето в рерна: Марија уби осумесечно дете, му немало спас

Случајот со смртта на бебето, кој беше пријавен на 9 февруари околу 13 часот, го потресе Мисури, а тамошната полиција го истражува случајот. Имено, бебето починало како последица на изгореници откако мајката Марија Томас го ставилo во рерна. Маја тврди дека детето по грешка го ставила во рерна наместо во […]