fbpx

Опасно по живот! Стојан доживеа драма во Карпош, објави вознемирувачки слики

Општина Карпош, несреќи, дали сте нормални по не знам кој пат активни струјни кабли да ви висат по улици.

Среќа се движев бавно со само 20-25км/ч.. Успеав по првиот кабел да протнам глава во линија со визир и да го избегнам, но вториот беше поприлично пооптегнат, ме одврати назад и морав со се мотор доле.

Багро неписмена и лоповска, години наназад маме и расплакавте на општината со градби и други унаказувања, а безбедност на улици дно!!!

Дали сте свесни дека во оваа ситуација човек на мотор, велосипед или тротинет буквално може да му се откине врат или да го дрмне струја на лице место!!!

Ќе поминеш илјадници километри во најекстремни услови, ќе се убиеш во двор. Улицата е „Борка Талевски“ во правец спрема „Франклин Рузвелт“, 5ч:40мин!

Бидете внимателни, доброто е што разденува па каблите се видливи, но со фактот како се реагира во нашево проклето државиче на идиотиве може ќе им бидат потребни денови за да ги отргнат!!!

Фејсбук-статус на Стојан Поповски

* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Естрадата му изразува сочувство: Македонскиот пејач скршен од болка

Нема утеха Познатиот македонски музичар од Битола сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Пејачот и водач на панк-рок составот „Паркети“ со емотивна посвета се прости од татка си. Сашо Паркет објави нивна заедничка фотографија под која напиша: „Последно што ми рече вчера пред да замини, ко го […]