fbpx

Се огласи ќерката: Нови детали за смртта на исчезнатиот Јошески

Потрагата по Александар од Прилеп, кој од вчера околу 12 часот се водеше за исчезнат, заврши доцна синоќа, за жал, со најнепосакуваниот исход

Прилепчанецот Александар Јошески синоќа е пронајден мртов.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговата ќерка.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.

Од МВР информираат дека пријава оти лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Следни Објави

Ја избоде пред детето од љубомора: Потресно сведоштво за убиената кавадарчанка

Страшни детали за несреќната Македонка која стана најчитана вест во германските медиуми Во Есен, Германија, е погребана Ванеса П. од Кавадарци. Несреќната жена, мајка на седум деца, минатиот четврток пред очите на осумгодишниот син беше свирепо убиена од нејзиниот сопруг. Ванеса била избодена со нож и оставена до смрт да […]