Плачам и пишувам
Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 години пасејќи ги овците во околината наречена ,,К’рот”во атарот на село Негорци.
Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето, на тракторот..
Дете кое стануваше во 5 наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија.
Дете кое се радуваше на животот, секогаш насмеан, сакан од најблиските, не се жалеше на работата, туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.
Тој ги почитуваше сите.. и старо и младо..
Имаше многу пријатели од сите националности и често другаруваше со нив. Царство небесно Трифун Бучков, нека ти е светол патот.
*Статус на Васка Јанева во фејсбук-групата земјоделие.мк