fbpx

Дедо од Скопје плаче: Ќе останам без работа оти внуката не ја примаат в градинка

Скопјанецот Слободан Маџовски е самохран дедо кој единствен се грижи за својата шестгодишна внука Ана.

Нејзината мајка е ставена во здравствена институција поради алкохолизам, открива Маџовски во потресна приказна која одлучи да ја раскаже пред камерите на Телевизија 24.

Маџовски сега е очаен. Тој не може да ја испрати во градинка својата внука, бидејќи не ја примаат поради немање на трета доза вакцина и стравува дека поради чување на внуката ќе ја изгуби и работата и единствената егзистенција за него и за Ана.

„Се грижам за внуката бидејќи нејзината мајка е на лечење во Бардовци. Целиот проблем настана затоа што таа цело време бараше работа, таа е професор по македонски јазик, беше игнорирана и најде утеха во алкохолот, па сега од август е на рехабилитација“, раскажува Маџовски.

Ана ја прифатил затоа што нема кој да се грижи за неа. Во градинка ја одбиле пред два дена.

„Ако не продолжам да одам на работа ќе ме отпуштат. А мор да одам зошто со тие пари јас ги издржувам и ќерката и внуката. Ако останам дома ќе бидеме на работ на егзистенција. Ние мора да го продолжиме процесот за конечна вакцинација, тоа не е спорно, но ова е траума за едно дете од пет години што го бркат од граднинка. Јас сум човек кој прележал два рака, дури два пати ме прежалија, во живото имам многу претрпено, но нема да се предадам“, завршува тој.

Следни Објави

Пеце, твоето срце продолжи да чука! Ова е младиот битолчанец кој спаси четири животи

Мултиорганска трансплантација на органи беше направена завчера во којашто еден пациент доби срце, друг пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство. Министерот Демири упати благодарност до […]