fbpx

Долго се зборуваше дека Оливера не ја сака ќерката на Цеца: Кои се свекорот и свекрвата на Анастасија?

Небојша и Оливера Гудељ, родителите на Немања Гудељ, се идните свекор и свекрва на пејачката Анастасија Ражнатовиќ

Емотивната врска на ќерката на Цеца со познатиот фудбалер уште од почеток е под лупа на јавноста во целиот регион, но особено сега откако медиумите дознаа дека ќе станат родители.

Анастасија треба да се породи на почетокот на октомври, а според последните информации на српските портали таа носи девојче.

Двојката планира интимна венчавка само за најблиските роднини и пријатели во јули во Севиља, а следната година ќе следи голема прослава и венчавка во црква, дознава „Блиц“.

Идните свекор и свекрва на Анастасија не сакаат претерано да се експонираат во јавноста. Небојша кариерата ја започна во Босна од каде дојде во Партизан каде помина цели три години. Во текот на својата фудбалска кариера играше и за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години помина во Холандија каде ги бранеше боите на Бреда каде одигра дури 300 натпревари. Кариерата ја заврши во Спарта во 2006 година.

Таткото на Немања и по кариерата остана во фудбалскиот свет. Моментално е технички директор во кинескиот клуб Хубеи Истар.

Столбот на семејството Гудељ е неговата сопруга Оливера, која, како што во една прилика нагласи Небојша, носи се’ на своите плеќи, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на нивните три деца, кои ги изведе на вистинскиот пат речиси сама.

Дека Оливера му е многу важна на Немања и дека ѝ е благодарен за се’, покажуваат и фотографиите на неговиот инстаграм-профил, каде често објавува заеднички моменти со мајка си.

Долго време се шпекулираше дека Оливера едвај ја прифатила новата снаа, но се чини дека во меѓувреме ги затоплиле односите, пишува „Блиц“.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Првата половина од мај ни носи големо заладување, па дури и нов снег

Според последните анализи кои ги направивме, во првата половина на мај ни доаѓа ново поголемо заладување кое ќе донесе нови интензивни врнежи од дожд, па дури и од снег. Во првата половина од мај очекуваме поинтензивни снежни врнежи на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија, што […]