Младиот актер Ченс Пердомо загина во сообраќајна несреќа со мотор, потврди неговиот публицист за „Варајети“.
Обожаватели му оддаваат почит на социјалните мрежи, а неговата агенција „Шелтер пи-ар“ ја замоли јавноста да ја почитуваат приватноста на неговото семејство во овие исклучително тешки моменти.
Пердомо е најпознат по улогата во хорор-серијата Hilling Adventures of Sabrina која се прикажуваше на „Нетфликс“. Играше и во Gen V, а впечатлива ролја имаше и во филмот After Everything.
„Сè уште не сме свесни дека ова се случи. Ченс секогаш беше шармантен и насмеан. Тој беше неверојатно талентирана, љубезна и прекрасна личност. Нема смисла да се пишува за него во минато време. Испраќаме сочувство до неговото семејство. Прегрнете ги оние што ги сакате вечерва“, напишаа продуцентите на „Нетфликс“.